Home Интервју ИНТЕРВЈУ СО УСПЕШНИ МЛАДИ ЛУЃЕ ОД МАКЕДОНИЈА
ИНТЕРВЈУ СО УСПЕШНИ МЛАДИ ЛУЃЕ ОД МАКЕДОНИЈА

ИНТЕРВЈУ СО УСПЕШНИ МЛАДИ ЛУЃЕ ОД МАКЕДОНИЈА

0
0

 

Интервју со Др. Драган Јованов (33 год.) еден од најпознатите млади иноватори во делот на фитомедицина, фитотерапија, фитонутриционизам и агроекологија како на домашно така и на меѓународно ниво.

После смртта на неговата мајка како македонскиот истражувач Др. Драган Јованов стана еден од најпознатите млади меѓународни иноватори за фитомедицина, фитотерапија, фитонутриционизам и агроекологија

Вистинита, тажна и мотивирачка животна приказна – патот до успехот

Секој живот е приказна која вреди да се раскаже. Секој од нас доживува и преживува настани кои самите по себе се уникатна приказна. Во тешкото време во кое живееме, навистина е лесно човек да се загуби и да заборави на вистинските вредности во животот.

Оваа животна приказна е вистинска врска со човечното, потсетник за она што е важно во животот.  Оваа уникатна приказна, со различна поука и порака која треба да нè потсети на сите работи кои понекогаш ги забораваме.

 

Оваа приказна е приказна за еден млад македонски научник која ќе ја разбуди моќта во вас, Можеби ќе се запрашате – Како, зарем е можно тоа? И на овие две прашања следствено ќе додадете уште безброј прашалници…

Драган  за платформата Environment.mk раскажува на кратко…

Мајка ми беше слаба со здравјето и дојде ден кога ни кажаа докторите дека боледува од канцер. Тогаш мислам дека небото и земјата ми се споија, не знаев каде сум, почнавме сите околу дома како без компас да функционираме, преплашени, дојде момент кога се оперираше, заврши операцијата после 10 часа, тешка операција, направија што направија докторите, но излезе дека направија преголема грешка. Таа грешка ја чинеше живот.

Се погоди еден момент да разговараме кога ја враќав од зрачење, таква и беше терапијата. Ми рече – Драганче, мајка, јас може ќе живеам еден месец, може ќе живеам пет месеци, може ќе живеам подолго, може и ќе умрам – а јас, таков тажен, и велам – Мамо, а јас што ќе правам без тебе? Мајка, ќе се радуваш и ќе продожиш со животот, сите оние, вклучувајќи ги и роднините, да ги победиш, да си докажеш себеси и на сите да им докажеш дека ќе бидеш најдобар експерт во светот во она што го работиш и учиш, има да ги “јадеш” книгите, сакам да бидеш најдобар, верувам во тебе и знам дека ќе успееш да бидеш и добар експерт, добар родител, ти си добар човек. Од кога излезе од болница беше сè супер, бевме среќни три месеци, потоа се случи шок, почна наеднаш да тоне, избегнував да седам дома, ме немаше со часови, со денови, не можев да ја гледам таква болна, изнемоштена.

Кога дојде ден баш за Нова година (2009 година), се подготвувавме со помислата дека ќе биде подобра, бев до продавница и наеднаш ми заѕвони телефонот… татко ми… – Дракче, што правиш? – Ништо, се спремам да дојдам во болница… татко ми молчи на телефон… – Тато, кажи што се случува? А, потоа почна да му трепери вилицата… – Дракче, мајка ти почина… Го фрлив телефонот и излегов на улица, не знаев каде се наоѓам, бев скршен. Клекнав на колена и извикав – Мамоооо, зошто ме остави? Многу ми е жал. Утредента, на 1 Јануари беше погребот, јас бев толку изреволтиран и нервозен што не можев да се помирам долги години по нејзината смрт.

Влегов во капелата, стоев од страна и си размислував – Мамо, те молам разбуди се мамо, стани. И потоа конечно собрав сила и отидов до нејзе, до ковчегот и како се приближувам до неа да ја видам беше многу убав,а не се забележуваше дека починала од нешто, беше облечена, средена, изгледаше како ангел, и конечно застанав до нејзе, и реков – Мамо, ти си мојот херој, сè што сум и што ќе бидам е благодарение на тебе, толку ме сакаше, ми даде живот, велеше живот те чинам, ти беше единствена која веруваше во мене… Како да и вратам? Повторно ли ќе бегам од проблемите? Повторно ли ќе се дружам со дел од тие губитници? Сè што таа сакаше е само да разговара со мене, да ме усмери на прав пат, за да бидам примерен човек, успешен. Премногу ми недостига сега што би сакал да разговарам со неа, колку би сакал да ме видиш колку успеав во животот. Ние ги дефинираме нашите избори, но ако сте опкружени со добри луѓе ќе бидете и вие добри, ако сте опкружени со успешни луѓе и вие ќе бидете успешни, ако сте опкружени со губитници и вие ке бидете губитник.

Сакајте ги своите родители и кога ќе дојдете дома кажете им колку ги сакате, затоа што ќе дојде ден кога тие ќе заминат засекогаш. Подоцна сфатив сè, колку е драгоцен оној момент посветен на твоето семејство и колку може брзо да замине. Видете, јас веќе не знам за времето, живеам во сегашноста, го живеам моментот. На крајот од денот не е важно она што го имате во џеповите, туку она што го имате во душата и срцето, љубовта кон најблиските.

Драган продолжува да ни раскажува – Се разочарав од класичната медицина и почнав да ја истражувам фитомедицината, фитотерапијата и фитонутриционизмот од научен аспект. По смртта на мајка ми долго време не можев емоционално да закрепнам. Се усовршував, почнав да им помагам на луѓето, почнав да ги лекувам, се чувствував како некој месија. Луѓе те благословуваат, гледаш среќни лица, си им помогнал. Чувството прекрасно, душата од што ми беше скршена, со тоа што им помагав на луѓето мислам дека дел по дел ми се лекуваше болката што ја имав поради смртта на мајка ми. Но, за сето ова да го сторам ја ставив божјата енергија пред сè. За 12 години излечив, помогнав и советував преку 30 илјади луѓе од Македонија, Балканот, Европа и Светот.

Моето мото беше следново – Како прво, ставете ја божјата енергија пред сè. Дајте ѝ прво место на таа божја енергија во сè што работите. Сè што мислите дека сум постигнал, сè што гледате кај мене, сè што мислите дека имам, а имам доста позади себе, сè е тоа благодарение на таа божја милост. Разберете, едноставно тоа е божји дар. Таа божја енергија ме штити, ме води, ме поправа. Цело време се држам до таа божја енергија за сè во животот. Таа божја енергија ме чува да не ме понесе бурата. Јас не бев секогаш со таа божја енергија, но таа никогаш мене не ме остави. Затоа држете се до неа за сè што работите.

Ако сакате да го направите она за кое мислите дека сум успеал, тогаш тоа направете го, меѓутоа држете се до таа божја енергија. Колку и да сте стекнале во животот ништо нема да однесете в гроб. Не е битно колку имате, битно е тоа што го имате како го чувате или што правите со тоа.

Сите ние имаме разни таленти. Најсебичната работа која сум ја направил на овој свет е тоа што сум им помагал на луѓето. Зошто е тоа себично ќе прашате? Затоа што од тоа задоволство добрината ќе ви ја преплави душата.

Предобро е чувството коешто сум го искусил затоа што сум им помагал на луѓето да бидат здрави, и од тоа нема подобро чувство. Во тоа се гледа правиот успех. Секогаш на божјата енергија кажете: ти благодарам за благословот, ти благодарам за милоста, ти благодарам за разбирањето, ти благодарам за радоста, ти благодарам за мудроста, ти благодарам за љубовта, ти благодарам за кроткоста, ти благодарам за нежноста, ти благодарам за спокојот.

Заблагодарете се однапред на божјата енергија за она што е веќе ваше. Тоа е правило бр. 1 во мојот живот и тоа е една од причините за тоа што сум денес. Заблагодарете се однапред за сè што ви припаѓа вам, а божјата енергија сето тоа ќе ви го испрати затоа што тоа вие веќе го поседувате во вас.

Вистинската работа во твоето срце и душа е внатрешната енергија поради која сакаш да им помогнеш на луѓето. Сè што ќе посакате добро во животот, може и да го имате. Затоа барајте го тоа и потрудете се да го добиете. До тогаш, подадете рака некому кој сè уште не успеал во своите цели. Секој нека помогне секому. Не борете се само да преживеете, борете се вашиот живот да остави трага во вечноста.

Environment.mk Др. Драган Јованов е родум од Скопје, млад иноватор и познат меѓународен стручњак во делот на фитомедицина/фитотерапија и агроекологија. Добитник е на 8 меѓународни признанија за најдобар млад научник, 4 домашни признанија, 2 меѓународни плакети, и еден кристал за најдобар млад научник, автор е на преку 30 книги за фитомедицина, фитонутриционизам и агроекологија, член е на клубот на иновативни умови при Европската академија на науки со седиште во Белград и Брисел, автор на преку 60 научни публикации, предавал како на домашни школи и универзитети така и на меѓународни, гостин на преку 200 емисии на домашни и странски телевизии, преку 200 домашни меѓународни статии на домашни и меѓународни весници и др.

Во моментов работи како Посебен Советник за животна средина во Македонската Влада и е нагласена неговата голема активност и комуникација со институциите на централно и локално ниво како Министерството за животна средина и просторно планирање, Државниот Инспекторат за животна средина, општините и останати институции од целиот регулаторен процес се со цел подобрување на капацитетот на институциите и воопшто значително подобрување на состојбата на животната средина.

Неодамна Јованов година стана член и на Македонското Научно Друштво од Битола, институција која постои шест децении.

 

Environment.mk Др Јованов кажуваат за вас дека сте иноватор и човек со долгогдишно искуство во фитомедицинската пракса и дека сте голем хуманист. Можете ли на кратко да ни предочите што точно значи да бидете иноватор во пракса?

 

Иноватори во принцип се луѓе на кои денот им е секогаш краток, на кои им доаѓа идеја во 4 часот наутро и веднаш ттреба да ја запишат, работохоличари кои создаваат нешто ново и работат на начин како би ја олесниле и подобриле иднината. Се залагаат за подобрување на здраствените состојби кај луѓето, како би направиле иновација која ќе им помогне на луѓето да го одржат организмот во добра имунолошка кондиција и да се излечат од некоја болест. Јас работам на иновации и имам преку 20 иновации (истражувачки патенти) скоро за сите болести што не мачат на денешницата. Секој ден се повеќе и повеќе работам на иновации и изнаоѓање на решенија кои ни ги нуди природата. Работам на едукација како да ја заштитиме природата односно животната средина како во земјата и надвор, со тоа што ако би ја заштитиле нашата природа и ако ја користиме рационално, бенифитот ќе биде одличен на долги патеки за сите нас.

Мораме да ја промениме свеста и начинот на користење на природата и што повеќе да правиме едукација на населението. Како иноватор работам на повеќе полиња. Како земја ние имаме што да покажеме, има и во Македонија квалитетни луѓе само треба да им се даде поголема шанса, а со тој начин нашата земја ќе биде подобро пласирана во еколошкото, фитолошкото и фитомедицинското стручно тело, подобро како дома така и надвор од нашата земја.

 

 

Environment.mk Од каде ви е мотивот да размислувате иновативно во делот во кој работите? Дали се сеќавате на некоја посебна случка годините наназад која кај вас баш даде поттик да размислувате иновативно и како на тоа гледаа вашите родители ?

 

Од мали нозе сум бил по природата и по лековитите растенијата, поточно чаевите кои сум ги берел и секогаш сум се прашувал за нив, а сум ги пробувал тие растенија секако со помош на моите родители, моите претци. Мојата прва иновација беше на 21 година. Потоа почнав да се усовршувам се повеќе и повеќе, и да работам на се повеќе и повеќе иновативни идеи. Посебна случка која ми се има случено и секогаш ја говорам и која беше најголемата причина да се занимавам со фитомедицина, е смртта на мојата мајка во 2009 год, се разочарав од класичната медицина и тоа ме наведе да ја истражувам фитомедицината и така се школував и напредував, докторирав во таа област агроекологија и фитомедицина и почнав да им помагам на луѓето во Македонија, земјите од Балканот, Европа и дел од земјите ширум светот со моите иновации односно истражувачки патенти..

Environment.mk: Кој е според вас најзаслужен за вашиот успех во иноваторството и постојат ли некои моменти во вашиот живот каде што сте посебно инспирирани и мотивирани за нова иновација?

Јас мислам дека сите сме иноватори од кога ќе се родиме, најголеми иноватори според мене се децата кои мораат се да допрат, испробаат и поставуваат прашања за кои и возрасните немаат одговор. Искуствено го велам ова бидејќи сум работел  едукации со млади деца и сеуште активно работам. Тие се нашата иднина. Започнувајќи од основно, потоа во средно школо, и на крај некои правила во друштвото, самата идеја, иноваторот се губи и паѓа во некои други димензии, не ни дава да се бориме против постоечките ситуации и случувања кои ни доаѓаат. Најмногу ме иритира, а тоа постои и во Македонија и на Балканот кога луѓето тврдат дека некоја идеја, иновација или работа е невозможна. Се е возможно само треба напорна работа, одрекување од многу работи, јасна цел, истрајност и љубов кон она што го работите. Најзаслужен за мојот успех сум јас самиот како поединец, потоа секако мајка ми и татко ми, најголемата поддршка во животот сум ја имал од нив и моето најблиско семејство. Тие се и мојот најверен тим. Најголема инспирација ми беше што предавав на Аризона Стејт Универзитетот во САД, воспоставив соработка на највисоко ниво, каде што слушнаа за моите иновации, претставив дел од моите истражувачки патенти. Инспирацијата ја црпам во борбата за сечиј живот, и таа упорност до сама победа односно излекување. Имам една моја поговорка која си ја повторувам секој ден (Ако успеам да спасам бар еден човечки живот не живеам залудно) завршува Др. Јованов. Иновациите ми се во соработка со Србија и Филипини.

Environment.mk: На почетокот на вашата иновативна кариера дали работевте нешто друго во животот. Какви искуства имате и како тие искуства ве насочија во она што работите денес?

Да, работев бев тренер по кошарка на младински категории, волонтер демонстратор на Факултет за земјоделски науки и храна и потоа асистент на Факултетот за менаџмент на еколошки ресури при МИТ Универзитет во Скопје. Тука истражував, пишував се усовршував, предавав и тн. Најголеми искуства кои сум ги добил биле од Др. Интернист кардиолог Ненад Златановиќ-Кор медико, Академик Др. Боро Вујасин – Србија, Проф. др. Спец Борис Ангелков-Биотехнички факултет- Битола, Проф. др Кирил Христвски-Аризона Стејт Универзитет САД, Академици од Европската академија на науките и соработници од Србија, Америка, Филипини, Германја, Чешка, Словачка, Хрватска, Италија, Австралија,  кои ме поддржуваа и ме усмеруваа на меѓународно ниво.

Environment.mk: Др. Јованов вие сте добитник на бројни признанија од различни земји, можете ли да одвоите некое посебно признание со кое посебно се гордеете?

 

Сите признанија ми се посебни, но морам да ја издвојам последната награда која ја добив во Србија на Меѓународниот конгрес ,,Исхрана будучности,, во Нови Сад,  признание за најдобар млад научник, кристалот за најдобар млад научник во Црна Гора и секако тука би додал и тоа дека неодамна ме избраа за странски член во Клубот на иновативни умови при Европската академија на науки.

Environment.mk: Истражувачки патенти – иновации имаат своја процедура. Каква е праксата и што им препорачувате на младите иноватори од каде да почнат и на кого да се обратат?

Не треба да бидете иноватор за да исполнувате некои посебни процедури, доволно е да се јавите во некои здруженија на иноватори, некои меѓународни академии и други иноватори кои ќе ви помогнат како да започнете. Секој иноватор си е посебен сам за себе, секој иноватор има различно и животно и практично искуство. Јас би кажал, никогаш ама баш никогаш немојте да се откажувате од вашите соништа.

 

Environment.mk: Како за крај може ли денес во Македонија да се живее од иноваторство?

ДА! Апсолутно да, целиот свет ги почитува иноваторите и нивните иновации, без разлика кој иноватор од која земја потекнува, има институции, јаки центри кој бараат иновативни идеи за соработка, бидејќи немаат каде да ги потрошат парите, па работат на соработка со иноватори. Најдобар успех би бил за сите иноватори и вложувачи во иновации повеќе меѓусебно да се дружат и да соработуваат.

LEAVE YOUR COMMENT

Your email address will not be published. Required fields are marked *